Објавено на:

Утре ќе има услови за снег во делови од Македонија

t

Утрешното утро ќе биде студено, а преку денот ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови од земјата, прогнозираат од УХМР. Во западните делови од Македонија и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

„До среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Утре попладне на југозападот ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места“, велат од УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поларен бран со снег го погоди Нов…

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…

Снег завеа во делови од Балканот

Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…

2,5 метри снег наврна на планина во…

Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…

Снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…