Утрово најстудено во Берово: Еве каде има минусни температури
Најстудено утрово е во Берово со -6 степени и Скопје-Петровец со -3. Минусни температури има и во Битола, Прилеп, Стурмица и Куманово, а најтопло е во Дојран со измерени 2 степени.
Во првата половина од ноќта преовладуваше ведро време, а подоцна имаше зголемување на облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно, а во Куманово и Демир Капија има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…
Една недела на неподносливи горештини што ја…
Преку СМС пораки му се заканувал на…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
Утрово најстудено во Берово и на Попова…
Утрово најстудено е во Берово и на…
Три пожари се активни, сѐ уште гори…
На ден 07/08.09.2025 година, до 07:00 часот,…
Еден пожар е активен: Гори над туристичка…
На ден 05.09.2025 година, до 21:00 часот,…