Објавено на:

УТРИНСКА МОЛИТВА

t

(кога ќе станеш од постела, пред секоја друга работа, измиј се и застани набожно со помисла дека стоиш пред лицето на Бога, прекрсти се и прочитај ги следниве молитви)

Во името на Отецот, и СИнот и Светиот Дух. Амин

Постој малку молчејќи, додека не се смират сите твои чувства и потоа направи три поклони, велејќи:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите светии, помилуј нè. Амин.

Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе.

Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши!

Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмpтни, помилуј нè! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!

Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име.

Господи помилуј! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Откако станавме од сон, Ти се поклонуваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силни: Свет, Свет, Свет Си, Боже, смилуј се на нас.

Слава на Отецот и синот

Од постела и од сон ме дигна, Господи. Просвети го мојот ум и срцето и отвори ми ја устата, па да Те воспеваме,

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секого ќе се откријат, но со страв во полноќ извикуваме: Свет, Свет, Свет Си, Боже, помилуј нè.

Господи помилуј! (12 пати)

Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утринска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние кои што се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански. Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин.

Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе работам и страдам!

Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите беззаконија, но се покажа, како и обично, Човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги разбирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофалба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Слава Ти, Цару, Боже, Седржителу, Ти Кој со Својата божествена и човекољубива промисла си ме удостоил мене грешниот и недостојниот да станам од сон и да влезам во Твојот светол ден. Господи, прими го гласот на моите молитви, како и светите умни Твои сили, и дај ми со чисто срце и смирен дух да Ти принесувам пофалба со нечистите мои усни, та јас грешниот да бидам со запалената свеќа на мојата душа во редот со мудрите девојки, славејќи Те Тебе во Отецот и Светиот Дух, славениот Бог Син. Амин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…