УХМР алармира: Обилен снег вечерва на планините, силен дожд на пониските места
Управата за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување за временските услови вечерва.
„Во ноќните часови на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и планините. Во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни (20 л/м2). На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места“, велат од УХМР.
Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.
Во Скопје поради маглата и ниската температура која се задржа во текот на целиот ден, врнежите во текот на ноќва во делови од котлината може да бидат од замрзнат дожд или од дожд кој ќе замрзнува на тлото, а повремено врнежите може да бидат од снег. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, прогнозираат синоптичарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
На последниот ден од летото вее снег…
Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…
Поларен бран со снег го погоди Нов…
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…