УХМР: Во следните 24 часа се очекуваат уште пообилни врнежи на дожд од денес
Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.
Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.
– Соодветно резултатите што ги добиваме од моделите врнежи ќе има на целата територија на државата. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата.
Синоптичарите истакнуваат дека генерално водотеците низ државата се со ниски и потпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во прикажаните делови од државата.
– Поради погоре прикажаното препорачуваме внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта, препорачуваат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за екс директор и вработени…
Од МВР информираат дека поднеле кривична пријава…
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…