УХМР издаде метеоаларм: Пеколни горештини до 2 август
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради очекувани високи температури кои ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година.
Според најавите на УХМР, во следните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг престој на директно сонце, да внесуваат доволно течности и да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран.
Посебна претпазливост се препорачува за постарите лица, хронично болните, децата и бремените жени, како и за лицата кои работат на отворено.
УХМР ќе продолжи да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за евентуални промени на временските услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…
Во „Идризово“ еден лекар се грижи за…
Недостигот од лекари, долгото чекање за специјалистички…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…