Објавено на:

УХМР: Од утре пороен дожд со грмежи

t

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8 – информираат од УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!

УХМР објави информација за максимална брзина на…

Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…

Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…