УХМР: Попладне локални врнежи од дожд – Од Понделеник ќе наврнат и над 20 см нов снег
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Метео предупредување:
Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес вечер, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
