Објавено на:

УХМР со предупредување за вечерва, се очекува снег низ целата земја, температурите ќе пaднат под -10 степени

t

Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне.

Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Оттаму истакнуваат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Од УХМР издадоа и актуелно предупредување почнувајќи од вечерва:

Денес во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи претежно од снег и до изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Помала снежна покривка ќе се формира и во Скопје.

Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег.

Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…