“Учебници има само по англиски ама нив сами си ги купуваме”: Родителите револтирани од МОН – “Ќе ги преучат децата”

t

На почетокот на новава учебна година четири генерации ученици се без потребните учебници бидејќи надлежните досега не успејаа да ги испечатат. Без книги се учениците од прво, второ, четврто и петто одделение. Учебници ќе има, уверуваат од Министерството за образование, но посочуваат дека ќе бидат готови некаде до пред крајот на првото полугодие, заради што се изготвени материјали за учење. Тие се веќе доделени, но родителите на учениците се револтирани, од, како што велат за Фактор, несериозниот однос кон тоа што е најважно за децата, а тоа е образованието и целиот образовен процес. За нив е незамисливо сите предмети, како што велат, односно мајчин јазик, математика, историја и општество и природни науки да бидат во само една “книгичка“ наречена „Материјали за учење“.

Сите промени досега, сите овие изминати години се само на штета на учениците, а образованието со „брзина на светлината“ оди само надолу и надолу, велат некои од родителите. 

-Единствената добра работа е што децата нема да паѓаат од тежината на ранците. Ќе има само учебник по англиски јазик, но се разбира, тој сами си го купуваме. Несериозниот однос на Министерството за образование како и срамната изјава на Министерот за образование ја започнаа школската година. Учениците наместо во јуни да ги добијат сведителствата овој свечен и значаен чин за учениците беше одложен за почеток на новата школска година. Дополнително, печатењето на учебници кое се најавува дури во втората половина од учебната година кажува за неодговорноста и неспособноста на министерот за образование. Се поставува прашањето дали неспроведување на постапката за печатење на учебници е со одредена намера за отстранување на печатените учебници или се работи за крајна неоговорност на Министерство за образование. За жал, која и да е проичината децата се тие кои ќе ги почуствуваат негативните последици од недостатокот на потребни учебници за секое дете. Би потенцирала дека лани учениците во четврто одделение немаа книги туку требаше само онлајн да учат од дигитални учебници, но скоро сите принтаа учебници во свија режија за полесно учење на децата. Таблети воопшто не беа обезбедени за децата па правото на бесплатно образование воопшто ниту се почитува ниту се реализира, укажува Персида Отовиќ Стојановска, мајка на ученик во петто одделение.

Со ваквиот став на Стојановска се согласуваат и голем број наставници, особено одделенските од прво до петто одделение, и посебно оние најставници кои веќе се пред пензија и кои може да направат споредба со генерациите кои ги изучувале пред 20, па и 30 години.

-Јас имам само уште година и пол до пензија. Предавав на ученици од прво до четврто одделение и во времето на бивша Југославија, а потоа и од осамостојувањето на Македонија, се до денес водам ученици од најмалата возраст, им ја давам основата за да се надоградуваат понатаму. За споредба не можам ни да зборувам. Далеку од тоа дека сум некој југоносталгичар, но тоа образование тогаш и сегашново е неспоредливо. Нашите деца ќе останат неписмени, ќе останат на дното.

Далеку од тоа дека сум заглавена во некое време, или дека не сакам промени, но секоја новина треба да биде подобра, секоја реформа треба да даде подобри резултати, кај нас е се наопачки. Оди само кон полошо. Тоа што треба да се смени не се менува, на пример исти лектири имаме од 70-тите. На овие генерации не им е интересна „Итар Пејо“, едноставно не ја разбираат, а која е и целта, да се покаже колку македонскиот народ е итар?

И како да смислиме да го „зафркнеме“ другиот. Навистина има големи небулози, пропусти кои нема никогаш да се надоместат. Од друга страна, пак, предметот математика кој го оредаваме по Кембриџ програмата, е „утка“ невидена. Јас на пример, предавам по таа програма, бидејќи морам за да не си навлечам инспекции на врат, но голем дел од материјалот, посебно за оние деца кои гледам дека се надарени токму за математика, го предавам од стари учебници од пред 20 и повеќе години. Истото го прават и мои колеги, наставници по хемија и физика, кои предаваат, посебно задачи од стари учебници, бидејќи во овие што учат сега нема задачи, па кога децата ќе отидат во прва година средно им се случува колапс. Што да ви кажам, уште година и пол ќе издржам, ќе гледам да ги завршам моите петтачиња, да им пренесам знаење, но велам, оние генерации кои ги вадев порано се далеку, далеку поуспешни, вели за Фактор, одделенска наставничка во едно од најстарите скопски основни училишта.

Се надева дека ресорното министерство ќе има слух за актуелните проблеми во образовниот процес и дека сериозно ќе почне да работи на подигнување на квалитетот на образованието, кое, според неа е на најниско ниво во нејзината просветна работа.

Извор: Фактор Портал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…

Исплатени се студентските стипендии заклучно со месец…

Министерството за образование и наука изврши исплата…

Канал 5: Сопругата на Таравари се вработила…

Сопругата на претседателскиот кандидат на албанската опозиција…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

МОН: Поедноставено аплицирањето за финансиска поддршка на…

Министерството за образование и наука потсетува дека…