Ученици вршеле технички преглед – Компанијата која го пропуштила автобусот на БЕСА требала да биде затворена уште во август годинава

t

Инфомакс во првите неколку часа по несреќата на автопатот Струма во Бугарија во која 46 македонски граѓани ги загубија своите животи го објави името на компанијата која го извршила техничкиот преглед на автобусот на БЕСА Транс.

Се работи за компанијата која е лиценцирана за технички преглед ВИА лоцирана во населбата Сарај во Скопје.

Уште веднаш полицијата изврши рација во „ВИА“ при што беше одземена целокупната документација на компанијата.

Во своето гостување на МТВ обвинителката за организирани криминал Вилма Русковска открива дека ВИА е привремено затворена поради пропусти во работењето.

-Привремено е затворена затоа што при контрола се најдени низа пропусти во работењето на таа станица за технички преглед, вели Русковска.

Бугарскиот истражител Маријан Маринов, кој работи на истрагата за трагедијата неодамна одби да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа ќе го препушти на експертите, кои веќе имаат свои „тези“.

Но клучниот момент кој го открива истражителот е дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција, при што целата опрема е сменета и останува да се види дали новата е „нефабричка“.

Се поставува прашањето како станицата за технички преглед, ВИА не успеала да открие вакви клучни пропусти во автобусот.

360 степени“ открива дека пропустите во работењето на станицата биле утврдени многу порано, уште на 12 август годинава.

Зошто министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потпишал забраната за работа дури три и пол месеци подоцна и тоа веднаш по трагедијата на автобусот на „Беса транс“?

При надзорот, констатирани се серија неправилности поради што надлежните служби во Бирото за јавна безбедност на 25 август 2021 година носат предлог за забрана за работа, со рок од 30 дена во кој станицата треба да ги отстрани пропустите. Клучниот пропуст е моментот што нестручни лица го вршеле техничкиот преглед.

-Констатирано е дека во постапката на технички преглед … врши проверка … и лицето Е.Д. …, кој е ученик во АСУЦ ’Боро Петрушевски’ …, кој во станицата е дојден со договор за феријална практика. Исто така, возилата при вршење на технички преглед се управуваат од управителот на правното лице Ј.Н., кој не е контролор во станицата за технички преглед и не ги исполнува условите за контролор. „На овој начин … се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата, стои во решението на МВР.

Покрај ваквиот сериозен пропуст кога станува збор за станицата за техничи преглед, стои фактот дека ниту еден од возачите кои загинаа во несреќата не бил вработен во компанијата.

Дополнително еден од возачите не поседувал сертификат за превоз на патници бидејќи истиот му има истечено во 2020 година, а автобусот кој изгоре поминувал граница со фалсификувана лиценца од друг автобус.

Под знак прашалник е и регистрацијата на возилото, а автобусот повеќе од 100 пати ја минал македонката граница со неуредна документација.

Компанијата „Беса Транс“ зела од државата илјадници евра за транспортни услуги, пред се од градоначалници на СДСМ и ДУИ. Само за две години зеле половина милион денари од Владата на Република Македонија.

Сето ова укажува на сериозни пропусти од страна на државата, но и сериозни индиции за корупција кои доколку ги немало веројатно ваквата трагедија би била избегната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен вели: Западниот Балкан е…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Ако се штеди, во што повеќе –…

Парите кои македонските граѓани ги чуваат во…

ОИК Куманово: Во Куманово на три избирачки…

На две избирачки места во Куманово поради…