УШТЕ ЕДЕН КАНДИДАТ ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ – Гоце Ристов ќе ја „брка“ посакуваната бројка од 10.000 потписи за три дена
Вчера до ДИК својата иницијатива за собирање потписи ја доставил Гоце Ристов. Тој е 14-тиот кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000 за претседателските избори.
На последниот пресек, заклучно со вчерашниот ден може да се види дека тој нема собрано ниту еден потпис.
„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, објави вчера ДИК.
Во овој момент нема никакви информации кој е Гоце Ристов и од каде доаѓа и зошто токму сега се вклучил во трката за собирање потписи.
Во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати.
Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.
Кандидатите кои стигнаа до 10.000 веќе не организираат собирање на потписи па нивните бројки денеска се речи си идентични како и оние вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе се заразило со морбили — петти…
Уште еден случај на морбили е потврден…
Малолетници се претепале во близина на основно…
Физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје…
Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…
Жена вчера украла козметички производи од аптека…
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…