Уште еден македонски кошаркар кариерата ја продолжува во САД
Сѐ повеќе македонски кошаркари ја избираат НЦАА-лигата како следен чекор во кариерата, а најнов кој се реши за таков потег е Андреј Митревски.
Македонскиот интернационалец од наредната сезона ќе настапува за Пацифичкиот универзитет во Стоктон.
Тимот на Пацифик се натпреварува во конференцијата Вест Коуст, каде што најголемо реноме има Гонзага. Дел од истата конференција е и Вашингтон Стејт, клуб за кој до неодамна играше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Во изминатата сезона Пацифик оствари учинок од 18 победи и 15 порази.
Митревски во септември ќе наполни 23 години, а зад себе има богато репрезентативно искуство настапувајќи за сите младински селекции на Македонија, како и за сениорскиот национален тим. На клупски план најголем белег остави во редовите на ТФТ и Пелистер, откако претходно настапуваше и за еден скопски клуб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…