Уште еден полициски службеник потврди дека Велибор Манев ја посочил локацијата каде е закопано телото на Панче Жежовски

t

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа припадници на интервентната полиција при СВР Скопје.

Сведочи полициски службеник:

О – Какви дејствија преземавте за спроведување на Велибор Манев?

З – ни кажаа да одиме во ПС Кисела Вода и ќе добиеме конкретни задачи, таму ни кажаа дека треба да спроведеме некое лице од едно до друго место, да извршиме физичко обезбедување, а таму ќе не чекаат колегите. Таму го покажа местото, да се ископа некоја дупка, кога го покажа местото бевме таму, после го преземавме лицето и го вративме во Кисела Вода

О – кој ви кажуваше каде да одите?

З – тој даваше насоки, стигнавме до црн пат, после продолживме пешки

О – како изгледаше местоот кадешто стигнавте, кадешто се копаше?

З – па ливада, високо место, дрвја имаше

О – дали беше забележливо со голо око дека има нешто на тој ден?

З – не

О – каков беше теренот пред да почне да се копа?

З – имаше гранки, под гранките беше ама ние од далеку гледавме

О – колку се копаше, колку лица копаа?

З – не знам колку време се копаше, не останавме до крај, колку лица имаше не знам имаше колеги од Велес и други што не ги познавам колеги, не знам колку точно, сигурно 5-6 души

О – дознавте ли зошто се копало

З – после тоа да, спомнаа дека некое тело се бара

О – дали Велибор чекаше со вас?

З – да

О – дали разговаравте со него, дали коментираше?

З – не

О – кога тргнавте да о враќате Велибор

З – 17-17.30 часот знам дека при крај на смена беше, не знам точно

О – Велибор ви рече нешто на враќање?

З – не, не правевме муабет

О – движењето према Велес беше според тоа Велибор што го кажуваше?

З – да

ВКРСТЕНИ ПАЛЕВСКИ

П – со каква просечна брзина се возевте по автопатот?

З – не знам точно да ви кажам

П – додека се движевте ко Кула каква боја беше полициското возило

З – Наше службено бело возило

СУД

С – вашите претпоставени ви се јавија да го преземете од Кисела Вода?

З – да

С – Ви кажаа каде да го носите?

З – не

С – лицето што го превезувавте ви кажуваше каде да се движите

З – да

С – дали тогаш знаевте како се вика?

З – тогаш не

С – дали тоа лице го гледате тука во судницата?

З – па да, еве (покажува кон Велибор) сега е шишан

С- што им покажуваше Велибор на колегите?

З – каде да копаат

С – дали ја видовте дупката, дали беше длабока?

З – ја видов од далеку, не знам дали беше длабока

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…