Уште еден сведок симпатизер на Десна потврди дека Палевски поседувал огнено оружје
На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше Кирил Тренчевски симпатизер на партијата Десна.
КИРИЛ ТРЕНЧЕВСКИ
Обвинителство
О – членувавте во Десна?
К- официјално не, симпатизер
О- одевте ли во седиштето?
К- во старото седиште почесто, во новото многу поретко
О – како го запознавте Палевски?
К – преку поткастите
О- другите обвинети ги познававте?
К – ги запознав во седиштето, ги имам видено
О – колку често доаѓаа влатко, Велибор и Боре во штабот?
К – Влатко секој ден, другите ретко
О – каков однос имаа тие со Палевски?
К – па да, се комуницираше најнормално
О – во штабот кај Шампионче имате видено пиштол?
К – да, имам видено, тој штаб имаше две големи простории споени, во една од двете простории, кај што имаше снимање на подкастите, имаше студио
О – кој ги снимаше подкастите таму?
К – Палчо, во двете простории се снимаа, во зависност од тоа дали има гости или не, едното студио беше пошироко, едното помало
О – го прашавте чив е тој пиштол?
К – не, не сум прашал, претпоставував дека е на Палчо
О – ви беше нормално да има пиштол во просторија?
К – не ми било нормално но сметав дека е со дозвола
О – во штабот кај Џамбо имате видено пиштол?
К – не, таму не сум видел
О – радио-станици дали имате забележано во штабовите?
К – имаше да, една-две радио-станици кај Шампионче, многу пократко сум престојувал во новото седиште таму не сум приметил, многу работи се разнесуваа од стариот штаб
О – Вие колку често одевте во партијата?
К – во стариот штаб одев често, обично после тренинг, кога имаше подкасти, гости, во новиот штаб многу ретко, 4-5 пати дали сум бил
О – ги гледавте ли во штабовите често обвинетите?
К – Влатко беше секој ден таму, си беше како дома, Велибор и Боре во стариот штаб сум ги видел, во новиот не
О – колку време сте симпатизер на партијата?
к – па откога ги гледав подкастите
О – како се финансираше партијата?
К – не знам, ние собиравме некои ситни донации, по 200-300 денари за кафе, грицкање, благо за гостите, други начини не знам
О – како се подмируваа трошоците за струја, вода, кирија за штабовите?
К – еднаш, во ТЦ Бисер имавме просторија каде доаѓаа луѓе за информации, да се информираат, за тоа еднаш сум му дал на човекот пари за кирија, тоа беше мало просторииче 10 квадрати, за штабовите не знам
О – кога бевте известен за настаните во Десна?
К – со дати, времиња може и да згрешам, знам дека беше петок, еден од членовите ми се јави и дека има луѓе пред седиштето, кршат нешто се растура, беше околу 12.30 навечер
О -кој беше во седиштето?
К – имаше надвор Сеат Алтеа, внатре беше само Влатко, јас очекував дека има искршени работи, напад некој
О – кога влеговте што ви рече Влатко?
К – ништо, да влезам да седнам, јас ог прашав како е, мислев дека е нападнат, ама не му беше ништо
О – го прашавте каде е Палевски?
К – да, ми кажа дека е заминат за операција, јас мислев дека е во Скопје, не знаев каде
О – што ви рече зошто заминал?
К – јас знам дека за грбот, имаше проблеми со стоење, седење итн
О – останавте вие во штабот?
К- да, потоа после пола саат дојде Христијан Плотников
О -од која причина дојде Христијан во седиштето?
К – не знам, знам дека се слушнале со Ѓорѓи дека е во станица
О – вие станавте тројцата во просториите?
К – да, јас на почеток мислев дека некои вандали се влезени и дека кршат, затоа и останав
О – го видовте ли таму возилото Рено?
К – јас видов полицијата кога дојде да го гледа, кога влегов не го приметив, само влегов
О – претходната недела го гледавте ли возилото?
К – не сум приметил, не сум посветил внимание на возилото специфично
О – зошто останавте во седиштето?
К – затоа што Џоле беше во полиција, останавме ако дојде полиција во седиштето, мислевме дека со возилото има некој сообраќаен прекршок, друго ни на крај памет не можев да помислам
О – добивте некоја информација дека ќе дојде полиција?
К- во партијата имаше големо куче првин, нас не познаваше, кон други беше агресивно, претпоставувајќи дека ќе дојде полиција останавме заради тоа, кога дојде полицијата го држевме кучето во соба
О – кога дојде полицијата што се случи?
К – кога дојда рекоа за претрес, ние се тргнавме, оставивме телефони, јас ја држев вратата оти кучето знаеше и да ја отвора вратата
О – кога заврши претресот го прашавте ли Влатко што е со Палевски?
К – не
О – каде заминавте после тоа?
К – во станица, Пролет
О – што ви рече Васко?
К – човекот дојде, како адвокат на партијата да види што е работата, немаше легитимација со него, беше приморан да се врати и земе
О – го прашавте Васко каде е Палевски?
К – не, јас ви кажуам мислев дека е во Скопје, не бев во контакт тој период
О – како комунициравте?
К – телефон, Телеграм така
О- знаевте ли кој го вози Реното?
К – искрено не, не знам кој константно го возел, не посветував внимание
О – познато ви е во каков однос бил Палевски со Велибор, Боре и Влатко?
К – па како пријатели
О – значи близок однос?
К – па не знам од кој степен ама пријателски однос
О – редовно се гледаа, комуницираа дали знаете?
К – тоа не знам
О – дознавте ли Палевски каде е после тоа?
К – од медиумите, да од членовите не, изгубивме комуникација после тоа
О – лицето што ве извести дека кршеле во партија не ви кажа каде е Палевски?
К – не
о – во седиштето имаше службени лица?
К – имаше Алтеа надвор, некој рече дека претпоставува дека е полиција
О – го препознавте тоа возило како полициско?
К – не, претпоставував, јас живеам кај МВР, мислев дека веќе имало некој вандализам
О – се прејавивте ли на лицето што ве извести дека нешто се случува?
К – се јавив полсле кај Влатко, на почеток не можам да го добијам, после зборуваше како осилен, како некој да му се заканувал по телефон, затоа и отидов
О – лицето што ви се јави ви кажа од каде е информацијата дека нешто се случува?
К – не знам од каде, рече некој сака да се прекачи, да кршат во штаб, јас во пработ влегов веќе 12.30, а ме известија 10.30 вечерта
О – откога заврши претресот се јавивте тоа лице да го прашате нешто?
К – не, а ги оставивме и телефоните немаше како да прашаме, јас претпоставува дека некој направил прекршок со возилото
ПАЛЕВСКИ
П- дали бевте присутен на претресот?
К -да
П – колку полицајци беа?
К – па многу
П -дали ви спомнаа што бараат?
К – не баш, јас не гледав што прават, бев кај кучето
П – дали јас поседувам друго возило освен Рено?
К – Фиат, бел пикап
П – дали е комбе исто како Рено?
К – да не знам модел точно
П – дали при претресот некој ме спомна мене?
К – не слушнав
СУД
С- колку време траеше преселбата, во кој период?
К – не беше еден ден, кој кога може преселуваше, не знам точно, октомври, ноември 2023
С – спомнавте токи-воки, каде го видовте тоа?
К – во старото седиште, во новото не сум видел
С – колку такви апарати видовте?
К – јас видов два, за повеќе не знам
С – ви кажа ли Влатко кога влеговте вечерта во седиштето каде е Палевски?
К – да, дека е за Турција, за операција, јас мислев дека е во Скопје
С – тоа ви го кажа Влатко?
К – да
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…