Уште еден Србин уапсен во Косово: Закажани нови протести
Маж од српска националност рано утрово е уапсен во општината Лепосавиќ, а осомничен е дека е вмешан во нападот врз новинарите што се случи минатата недела.
Како што јавија српските медиуми, по обезбедување докази, косовската полиција утвдила „дека е вмешан во нападот врз новинарите на 16 јуни годинава“.
Сите понатамошни дејствија ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи – додаваат од полицијата.
Инаку, на 16 јуни во Лепосавиќ, како што информираа од Здружението на новинари на Косово, имало неколку напади врз новинари, кои се случиле при посетата на министерот за локална самоуправа на општинската зграда Лепосавиќ.
Како што тогаш соопшти Здружението, тој ден бил нападнат снимател на РТК, му била скршена камерата, биле фрлани со камења на РТВ Дукаџини, Клан Косово, РТС и КТВ, а нападнат бил и снимател на Теве 1. Истиот ден, косовската полиција регистрирала вкупно девет напади врз новинари во Лепосавиќ.
Претходно, на 29 мај беше уапсен Србинот Н.В. осомничен за напад на новинари, иако адвокатот и неговите пријатели тврдат дека тоа било грешка. Во саботата на граничниот премин Јариње беше приведен Д.С., кој се товари за напад врз новинари, иако косовските власти не прецизираа за кој медиумски тим станува збор.
Во Лепосавиќ за денеска напладне е закажан протест за поддршка на приведените Срби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…