Уште еден удар за Роналдо – го сместија во најлошиот тим на СП во Катар!
По навистина турбулентниот период што е зад Кристијано Роналдо, во кој одби да влезе во игра, предвреме си замина дома, даде бомбастично интервју, па доби отказ, доаѓа нов удар врз португалскиот репрезентативец, а тоа е место во најлошиот тим по групната фаза од Мундијалот во Катар.
Ветеранот, според статистичките пресметки на Софаскор, на ниту еден од трите досегашни меча на Португалија немал поголема оценка од 6,8. Билансот на Роналдо е еден гол и тоа против Гана од пенал во првото коло, додека во дуелите против Уругвај и Јужна Кореја беше речиси незабележителен на теренот. Покрај Кристијано, во најлошиот тим на Мундијалот се најдоа и тројца фудбалери на домаќинот Катар, двајца од Костарика, двајца и од Канада и по еден играч од Саудиска Арабија и од Австралија.
Роналдо шанса за подобрување на впечатокот ќе има во нокаут-фазата на СП 2022, која Португалците ја почнуваат во вторник и тоа со осминафинален дуел против Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…