УШТЕ ЕДНА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА: Се судриле патнички и товарен воз, има повредени!
Патнички воз се судри со товарен воз во Романија, при што има 12 повредени.
Железничката несреќа се случила во близина на патот Арад – Букурешт, кога патнички воз со 280 патници се судрил со товарен воз полн со автомобили. Патничкиот воз поминал на знакот „стоп“, го престигнал товарниот воз и силно удрил во него. Три вагони на товарен воз што превезувал моторни возила излетале од шините.
Двајца повредени, 46-годишен маж и 30-годишна жена се пренесени во болницата во Александрија со повреди на главата и екстремитетите, а уште две лица, 59-годишен маж и 61-годишна жена, се пренесени во општинската болница во Рошиора де Веда, со повреди на екстремитетите.
Останатите патници со минибуси ги однеле до станицата Рошиори, а оттаму се качиле во друг воз за да ги однесе до нивната дестинација.
Фото: Romanya Haber
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…