Уште една земја го повлекува признавањето на Косово, соопшти Дачиќ: Србија чува десет држави во фиока
Уште една земја го повлекува признавањето на Косово, соопшти српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Тоа е десеттата земја што ја промени својата одлука, а се наоѓа на списокот што Србија се уште не го обелодени. Оваа информација ја потврди министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, најавувајќи дека Србија ќе ги интензивира дипломатските дејствија во однос на признавањето на Косово.
На прашањето зошто сè уште не се објавени имињата на оние кои решиле да го повлечат признавањето, Дачиќ одговори:
„Прво, ја почитуваме нивната позиција и не сакаме да ги изложуваме на каков било притисок од Приштина, особено од нејзините сојузници. Мора да бидеме внимателни. Второ, со Вашингтонскиот договор презедовме обврска да ја прекинеме иницијативата за признавање и сакавме да покажеме дека се држиме до она што го потпишавме. Меѓутоа, Приштина не го прави тоа. Разликата во односот кон преземените обврски е суштинска и секој што посредува многу добро знае кој е сериозен партнер, а кој лажго“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…