Објавено на:

Уште една оставка во тимот на Стармер, си замина шефот за комуникации

t

Шефот за комуникации на премиерот Кир Стармер, Тим Алан, денес поднесе оставка, велејќи дека тоа ќе го отвори патот за нов тим што ќе го поддржи британскиот лидер, кој е критикуван поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во САД.

„Одлучив да се повлечам за да дозволам изградба на нов тим на Даунинг стрит. Им посакувам на премиерот и на неговиот тим секаков успех“, вели Алан во соопштението.

Заминувањето на Алан доаѓа само еден ден откако најблискиот помошник на Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка од функцијата шеф на кабинетот, велејќи дека ја презема одговорноста да му препорача на премиерот да го назначи Манделсон за амбасадор во САД, и покрај неговите врски со осудениот сексуален престапник, Џефри Епстин.

Портпаролот на Даунинг стрит, кога беше прашан дали Алан е отпуштен, рече дека тоа бил сопствен избор на шефот за комуникации да се повлече.

На новинарско прашање дали премиерот ќе поднесе оставка, портпаролот дал негативен одговор.

„Не. Премиерот се концентрира на работата што ја има пред себе. Тој продолжува со работата за спроведување промени низ целата земја“, рекол тој.

Стармер денеска им се обрати на вработените во неговата канцеларија на Даунинг стрит, повикувајќи ги да останат обединети.

„Мораме да докажеме дека политиката може да биде сила на добро. Верувам дека може. Верувам дека е. Ајде да продолжиме понатаму. Ајде да продолжиме со доверба додека продолжуваме да ја менуваме земјата“, рекол тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…