УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ: Загина пешак, повреден и 18-годишниот возач
Скопјанецот Ш.Р.(71) загина синоќа, во сообраќајна несреќа, во Скопје, откако на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, кој исто така, се здобил со повреди.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена вчера во 20:15 часот во СВР Скопје.
-На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, наведуваат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…
Адвокатите на Артан Груби се оградија од…
Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…
Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…
Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…
Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Недостигот на дизел може да продолжи и…
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…