Уште кај три деца од градинката во Берово е потврдено присуство на бактерија салмонелa

t

Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево потврди дека уште кај три деца од Берово, кои биле згрижени во градинката „23 Август“, е откриено присуство на бактеријата салмонела.

Инспекцискиот надзор е завршен, земени се мостри со брис од деца и од други лица, а со новооткриените случаи вкупно пет дечиња се третираат како заболени.

По комплетирањето на испитувањата на добиените мостри од дечињата кои пред два дена се пожалија на повраќање, дијареа и покачена температура, уште кај три случаја е констатирано е присуство на салмонела. Се прават дополнителни анализи на материјалот, а во текот на утрешниот ден треба да ги имаме конечните резултати кои треба да дадат одговор дали бактеријата потекнува од градинката или пак жариштето треба да се бара на друго место, изјави Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.

Епидемиолог од Центарот заедно со санитарен инспектор направиле комбиниран инспекциски надзор во Берово, при што од неколку локации и од лица биле земени мостри за кои е направено лабораториско испитување.

Пред два дена здравствените институции беа известени дека повеќе деца имале здравствени проблеми со симптоми на труење. Од детската градинка излегоа и со писмено известување до родителите да не ги носат децата во институцијата ако забележат промени во нивната здравствена состојба, како и да се консултираат со матичен лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

Преку СМС пораки му се заканувал на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Детски цртеж открил страшно злоставување на деца…

Двајца вработени во училиштето „Мунај Валдорф Штајнер“…

(Фото) Родители: Децата се разболуваат поради влага…

Децата живеат во простории што имаат влага…

Дваесет и седум деца користат 20 квадрати…

Дваесет и седум децата седат во дваесет…