Уште ова ни требаше: Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника
Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.
Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.
Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.
Таа појасни дека се работи за 17 – годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…