Уште ова ни требаше: СЗО свикува итна седница за мајмунска сипаница
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека ќе свика вонреден состанок на комитетот за да разговара за тоа дали актуелната епидемија на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго претставува вонредна состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост.
СЗО соопшти дека се потврдени уште 50 случаи на мајмунски сипаници, а повеќе се сомнителни во четири земји – Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда – каде што не се пријавени случаи на болеста.
-Поради ширењето на мајмунските сипаници надвор од ДР Конго и можноста за понатамошно меѓународно ширење во и надвор од Африка, решив да свикам комитет за итни случаи во согласност со Меѓународните здравствени регулативи за да ме советува дали појавата претставува итен јавен здравствен проблем од меѓународен интерес, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција.
Светската здравствена организација соопшти дека вонредниот комитет ќе се состане „што е можно поскоро“, но не даде точен датум или други детали.
Во сегашната епидемија на мајмунски сипаници во ДР Конго, веќе се пријавени околу 27.000 случаи, а повеќе од 1.100 луѓе починале, главно деца, од почетокот на 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…
Не е ни приближно бројката која ја…
Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…
„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…
Дел од корисниците во Пакистан може да…