Уште тоа фалеше: Африканска свинска чума во Македонска Каменица, зaбpaнет ловот на локалните ловишта

t

Поради појава на Африканска свинска чума забранет е ловот на ловиштата со кои стопанисува Ловното здружение „М.Каменица Саса“.

Во известувањето до членството, од Ловното друштво информираат дека забраната започнува да важи од 7 јануари 2022 година.

-Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение М.Каменица- Саса од Македонска Каменица дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума, стои во известувањето од Ловечкото Здружение од Македонска Каменица.

Како причина за забраната се наведува појавата на Африканска свинска чума која е регистрирана во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ