Уште тоа фалеше: Високо заразен птичји грип откриен на фарма во Холандија
Холандските власти открија присуство на многу заразен сој на птичјиот грип на една живинарска фарма во северниот дел на земјата.
Како резултат на заразата, околу 170.000 кокошки ќе бидат уништени за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата.
„Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирањата за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила“, се додава во соопштението на холандското Министерство за земјоделие.
Од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година во Холандија се убиени стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг…
Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата…
Јужна Кореа најави парична помош за Украина,…
Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина…
Од грип во Македонија досега починале 14…
Во државава од 11 до 17 месецов…
Холандија има најкратка работна недела, луѓето работат…
Земја со најкратка работна недела е Холандија,…
Холандија е пред формирање на влада преку…
Во Холандија е можно формирање на владина…