Објавено на:

Холанѓаните се жалат: Маваа со сешто, голот беше полн со вода… ама така е изгледа на Балкан!

t

Холандија во меч со тензична атмосфера успеа да слави над Македонија (32-37) на Светското првенство (СП) во ракомет, а гневот настана заради судиската двојка од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, кои во неколку наврати донесоа спорни одлуки.

По натпреварот во Вараждин, говореше голманот на холандската репрезентација, Матијас Рекс, кој истакна дека досега не видел вакво нешто на ракометен натпревар и сите настани биле апсолутно луди.

„Човеку, почнаа да маваат кон нас, леташе сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Очигледно, така е изгледа на Балканот. Во еден момент, кога сакав да ја фрлам топката, голот го наполнија со вода. Апсолутно лудо! Ова нема никаква врска со ракомет. Ама, некогаш работите се и такви“, изјави Рекс по мечот.

Холандија со две победи оди во следната рунда и ќе игра за првото место со Унгарија, додека Македонија во последното коло треба да остане непоразена со дебитантот Гвинеја за да ја мине групата на СП 2025.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Холандија планира укинување на 25.000 работни места…

Холандската влада планира до 2035 година да…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…