Уште 7 нови случаи со голема кашлица

t

Уште 7 нови случани на голема кашлица во Скопје регистрирани изминатите 24 часа. Со нив, бројот на заразени од ова заболување се искачи на 17 за два дена согласно последниот извештај на ЦЈЗ во Скопје. Најголем број од случаите се нецелосно вакцинирани, само еден ги примил сите дози на вакцина и ревакцина.

Расте и бројот на новозаразени со голема кашлица кај повозрасната полуплација. Два нови случаи на пертусис регистрира и Центарот за јавно здравје Куманово, четириесетгодишен жител на Крива Паланка и петгодишно дете од Куманово.

Заклучно со 16 февруари во Куманово се пријавени четири случаи. Сите деца се на возраст до 5 години, не биле имунизирани и не посетуваат градинка. Две деца од нив биле на болничко лекување.

Според Комисијата за заразни болести, во наредниот период ќе расте бројот на заболени со пертусис и кај повозрасната популација. Но, тоа не претставува ризик за возрасните бидејќи за нив постои антибиотска терапија.

Засега нема ДиТеПер вакцини за возрасни, се очекува истите да стигнат деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…