УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

t

Управата за јавни приходи денеска објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.

На брифинг за медиуми од УЈП информираа за спроведени контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.

Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи. -Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160. 117.

130 денари и за Данок на личен доход од 18 969. 998 денари, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

За овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до ОЈО и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

Кај првиот контролиран случај станува збор за утврдени неправилности по основ на ДДВ од 79. 350. 190 денари, во вториот од 26. 090. 205 денари, а во третиот случај за 54. 676 милиони денари.

Како што соопшти Лукаревска, УЈП спровела постапка за присилна наплата на Данок на солидарност кај осум даночни обврзници, кај седум е завршена и останува уште еден од трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, а кој треба да уплати уште шест милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Три лица уасени и регистрирани 13…

Тринаесет нарушувања на јавниот ред и мир…

Ахмети и Џафери го честитаа Денот на…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот…

Граѓаните бараат спас кај Народниот правобранител: Поднесени…

Само од почетокот на годинава до канцеларијата…

(Фото) Снежна покривка од 40 сантиметри на…

Зимската атмосфера веќе го зафати Националниот парк…

МВР: 16 возачи приведени за едно деноноќие,…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…