УЈП ја објави најновата листа на должници: Повеќе од 3000 физички лица се на листата

t

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2022 за долгови доспеани до 31.03.2022и неплатени до 30.06.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; иповисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.7/2022 објавени се 1.638 должници – правни лица (повеќе за 4 од претходната листа) и 3.182 физички лица (повеќе за 8 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2022 изнесува 8.296.172.727 денари, помалку за 41.276.403 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.240.773.443 денари (повеќе за 127.121.862 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 55.399.284 денари (помалку за 168.398.265 денари од претходната листа)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите меѓу земји со најевтина струја во…

Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…