Фадиљ Пушколи, поранешен припадник на ОВК, вчера бил приведен на „Блаце“, а по испрашувањето бил ослободен
Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција КосоваПост и поранешен припадник на ОВК, синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“ по налог и потерница издадена од Србија. За задржувањето на граница преку објава на Фејсбук информира самиот Пашколи, кој побара институциите од Косово веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на овој случај и за заштита на неговите права. Кратко потоа тој напиша дека бил пуштен.
Пушколи во вечерашната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.
„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…
Европската Унија ќе учествува со свои претставници…
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…