„ФАЛА, БРАЌА МАКЕДОНЦИ!“: На српски турист му се расипала колата на враќање од Грција, па гевгеличани бесплатно им ја сервисирале, сега тој на Фејсбук јавно им се заблагодарува
Секому може да му се расипе автомобилот на пат. Но, не секој има среќа да наиде на добри луѓе кои ќе му помогнат.
Еден член во групата Грција инфо, јавно им се заблагодари на Македонци од Гевгелија, кои помогнале да се сервисира возилото, целосно бесплатно.
„Ви благодариме браќа Македонци!!! По враќањето од Грција, на бензинската пумпа, автомобилот на мојот кум во Гевгелија во 21 часот и 30 минути, престанал да работи, поради екстремно лошо време. На помош дошле луѓето од бензинската пумпа, повикале момци кои се механичари, влегле во возилото околу 15 минути, и ја направиле целата дијагностика и го стартуваа автомобилот!!!! На прашањето на кумот колку должи, само рекле добар пат пријатели!!! Секако, кумот не сакаше ни да слушне, ги почести…. Ви благодариме уште еднаш од БРАЌА МАКЕДОНЦИ!“ се вели во сведоштвото во групата Грција инфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…