Фановите на Рома бараат нов договор за Мурињо!
На мечот против Удинезе, фановите на Рома долго го скандираа името на Жозе Мурињо, италијанските медиуми во тоа препознаа барање за нов договор на Португалецот.
Кога Дибала даде гол за 2-1, навивачите на Рома почнаа да го извикуваат името на Жозе Мурињо. Така беше и по крајот на натпреварот. Тогаш Португалецот им се заблагодари на навивачите и покажуваше на своите фудбалери сакајќи да каже дека тие се заслужни за победата.
Според „Кориере дело Спорт“, фановите на Рома бараат од раководството да му даде на Мурињо нов договор.
„Сакам да им се заблагодарам на фановите што го скандираа моето име, јас нормално не сакам да бидам во центарот на вниманието, верувам дека целата заслуга треба да оди за фудбалерите кои се борат на теренот, но ја почитувам оваа демонстрација на љубов од фановите“, изјави Мурињо.
Се верува дека тој би сакал да остане во Рома, па на потег е раководството на клубот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…