Објавено на:

ФАО алармира: Светските цени на храната највисоки во последните три години

t

Поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е зголемување од јунските 130,3 поени и највисокото ниво од јануари 2023 година.

Главниот економист на ФАО неделава изјави  дека светот се соочува со ново зголемување на цените на храната, бидејќи војните во Иран и Украина, заедно со временскиот феномен Ел Нињо, создадоа услови за повисоки трошоци и пониски приноси од жетвите.

Во јуни е забележано месечно зголемување на цените на житарките од 3,4 проценти, односно зголемување на цените на пченицата од 5,8 проценти, соопшти агенцијата.

На пазарите на жито, постои загриженост за нарушувањето на извозот во Црното Море и штетата предизвикана од високите температури во клучните региони за земјоделско производство, додаде ФАО.

Индексот на цените на растителното масло се зголеми за два проценти на највисоко ниво од јуни 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 15-годишник во Студеничани, управувал „голф“ без…

Петнаесетгодишник од скопското село Студеничани е лишен…

Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…

Клековски: Опфатот со вакцината против морбили е…

Министерот за здравство Сашо Клековски апелираше до…

Матеј Белистојаноски со прво злато за Македонија…

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех…

Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…

Почетокот на новата учебна година повторно отвори…