Објавено на:

ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот

t

По пет месеци пад, светските цени на храната се зголемија во февруари – објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, која ги следи месечните промени во кошничката на меѓународно тргувани прехранбени производи, во просек изнесува 125,3 поени во февруари, што е зголемување од 124,2 поени во јануари.

За 1,1 процент е зголемен индексот на цените на житарките во однос на јануари годинава. Зголемувањето на цените на житарките, особено на пченицата, главно е резултат на неповолните временски услови во делови од Европа и САД, како и тековните логистички прекини во Руската Федерација и поширокиот регион на Црното Море.

Според ФАО, индексот на цените на растителното масло месецов се зголемил за 3,3 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од јуни 2022 година. Зголемении се и цените на палминото и соиното масло, додека цените на сончогледовото масло умерено се намалени, делумно поради зголемените извозни залихи од Аргентина.

Индексот на цените на месото е зголемен за 0,8 проценти во однос на претходниот месец, а на млечните производи бележи пад од 1,2 отсто, првенствено поради од пониските цени на сирењето. Индексот на цените на шеќерот, пак, е намален за 4,1 отсто во однос на јануари и за дури 27,3 проценти во споредба со февруари лани.

Агенцијата на ОН очекува производството на пченица да се намали за околу три проценти во 2026 година, бидејќи пониските цени ги намалуваат насадите. Се очекува земјоделците во EУ, Русија и САД да ги намалат површините со пченица, додека производство во Индија, Пакистан и Кина да остане генерално стабилно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…