Фатен со 28 кози во пикап – уапсен албански државјанин!

t

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Македонија.

„Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Македонија, со цел да го продаде во Албанија“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека врз основа на информациите добиени од полициското разузнавање дека албански државјанин ќе прошверцува ситен добиток од Македонија во Албанија, тој бил следен и запрен на патниот правец Горица-Звезда.

Како материјален доказ добитокот е одземен заедно со возилото, како и одредена сума на пари.

Истрага за вмешаност и на други лица освен на албанска, ќе биде спроведена и на македонска територија, со цел сузбивање на оваа негативна појава, која е зачестена во пограничните појаси долж албанско-македонската граница, поради повисоката цена на добитокот и на месото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди…

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за…

Андоновска: Нудиме реални и остварливи проекти во…

- Денеска сме тука на главниот плоштад…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…