Фатмир Лимани по најавата за избори од Мицкоски: Сакавте војна, наскоро ќе ви овозможам да се покажете
По најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека набрзо ќе има избори, стигнаа првите реакции. Една од нив е на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој преку социјалните мрежи сподели објава од профилот „Захир Пајазити“ на која има фотографија од премиерот Христијан Мицкоски, со наслов „Наскоро ќе има парламентарни избори“.
Под фотографијата пишува: „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Наскоро ќе ви овозможам да се покажете“.
Оваа реобјава треба да се толкува како дел од серијалот реакции на Лимани по неговите несогласувања со лидерите на коалицијата ВЛЕН, чиј член беше како дел од Движењето Беса на Билал Касами.
Пред неколку недели Касами рече дека Лимани не е дел од комбинаториките на ВЛЕН.
„Господинот Фатмир Лимани, и тој многу одамна ги прекина комуникациите со Движењето Беса и не гледам дека во нашето патување во рамките на ВЛЕН тој ќе биде дел од политичките комбинаторики“, рече Касами во гостување на ТВ Алсат.
ВЛЕН в сабота на 9 мај треба и официјално да се претопи во една единствена политичка партија. Според најавите, партијата ќе има колидери – Изет Меџити и Билал Касами, двајца заменик-претседатели – Мимоза Муса и Беким Ќоку, и секретар – Беким Сали.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека жали што СДСМ повторно одлучила да коленичи пред туѓи интереси, наместо да застане рамо до рамо со владата.
„Добрата вест е што набргу ќе има избори и после тие избори ќе се случи партијата која тој (Венко Филипче, н.з.) ја предводи да се маргинализира, и јас се надевам дека тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе кои ја сакаат, ја љубат татковината и коишто ќе се борат за оваа држава заедно со оваа влада и со мене“, рече премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатмир Лимани по најавата за избори од…
По најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека…
Филипче: На Денот на Македонскиот јазик со…
По повод денешниот Ден на македонскиот јазик,…
Мицкоски за притворот на обезбедувачот: „Тој е…
Обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски кој заврши…
Родителите на загинатите во „Пулс“ со реакција…
Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за…
За 4 месеци се истрошени над 72%…
Со буџетски приходи пониски од планот а…