Фашизмот ни се повампирува на голема врата: Професорот Тони Дескоски за провокацијата со Ванчо Михајлов

t

„Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“. Со ваква резигнирана забелешка професорот Тони Дескоски од Правниот факултет во Скопје завршува еден од двата поста на социјалната мрежа Фејсбук, во кои го коментира величењето на Ванчо Михајлов викендов во Битола.

„Улогата на Ванчо Михајлов во ВМРО и во бугарската политика пред Втората светска војна – пишува Дескоски – и би можела да се квалификува како контроверзна. Ама неговата цврста приврзаност и отворено дејствување во рамките на Хитлеровата нацистичка коалиција е најнеконтроверзната историска работа. Ванчо Михајлов е отворен и неспорен фашистички квислинг од Втората светска војна.

Со тоа станува беспредметна расправата дали можеби тој во основно училиште бил примерен, или во средно школо бил многу храбар.

За компарација, францускиот Маршал Петен бил херој на Франција во Првата светска војна, со прекарот ‘Лавот од Вердун’. Но, во Втората Светска војна колаборирал со нацистичкиот окупатор и бил на чело на режимот од Виши во окупирана Франција. Тоа го трансформирало во национален предавник и фашистички квислинг.

Примери безброј.

Да скратам, Ванчо Михајлов е неспорно и докажано неуспешен нацистички квислинг (во обид) и неспорен фашистички и усташки соработник.

Уф, сите варијанти на фашизмот ги изредив.

Нека проба некој во Франција да отвори клуб со назив ‘Маршал Петен’“, пишува професорот Дескоски.

Тој потсетува дека дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.

„Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола. Очигледно, нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава. Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен“, заклучува Дескоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…

(Видео) Јакимовски: Не милион, милијарда евра да…

Не милион, милијарда евра да истурат народот…

За една година се пријавени 119 бегства…

Народниот правобранител излезе со неверојатни податоци поврзани…