Фајон: ЕУ треба да ги заштити своите граници за да се зачува Шенген зоната

t

Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон, порача дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната.

Фајон, на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг, укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската маршрута и кажа дека многу е важна борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, пренесува СТА.

Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството.

Четвртина од земјите од Шенген зоната веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг.

Зборувајќи за војната во Украина, шефот на австриската дипломатија повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет.

Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот.

Двајцата министри го споделија ставот дека земјите од Западен Балкан треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување. Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…