ФБИ објави нови документи за атентатот на Џон Кенеди
Американското ФБИ откри околу 2.400 нови некласифицирани документи за атентатот на 35. американски претседател Џон Кенеди, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори.
ФБИ, наводно, ги открил документите, кои никогаш не биле доставени до комисијата одговорна за разгледување и објавување на овие документи, откако Белата куќа неодамна нареди објавување на сите досиеја поврзани со атентатот во 1963 година.
Не е јасно што има во новооткриените документи, а ФБИ наводно има околу 14.000 страници доверливи документи. Другите досиеја останаа тајна до сега поради загриженост за националната безбедност, со одобрение на комисијата.
Американската влада беше обврзана со закон целосно да ги декласифицира документите за атентатот на Кенеди до 2017 година. Минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која нареди објавување на сите преостанати доверливи документи поврзани со атентатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ спречило три обиди за убиство на…
Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на…
ФБИ пронашол милиони во злато, пари и…
Поранешниот висок функционер на ЦИА, Дејвид Раш,…
Под сомнение дека работи за Иран: ФБИ…
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за…
Британија планира создавање на полициска единица слична…
Британската влада најави план за создавање нова…
ФБИ упадна и претресе дом на новинарка…
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ)…