ФБИ со нови детали за нападот врз Трамп
Напаѓачот кој во саботата вечерта пукаше во поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД Доналд Трамп дејствувал сам и употребил легално купена пушка што ја купил таткото на осомничениот.
„Станува збор за полуавтоматска пушка AR 556. ФБИ не најде никакви индикации дека осомничениот има некаква ментална болест. Нападот се смета и како домашен терористички акт и како обид за убиство“, соопшти американската агенција, пренесе Ројтерс.
Се додава дека нема индикации дека напаѓачот пукал во Трамп од идеолошки причини, а ФБИ ги прегледува сметките на социјалните мрежи, отпадоците од оружје и примероците на ДНК како доказ.
„Заканите и повиците за насилство веќе се во пораст на Интернет, особено по овој настан“, објави ФБИ.
Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.
Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден посетител на собирот загинаа, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…