ФБИ уапси жена во Калифорнија под сомнение дека го шпионирала синот на тајванскиот претседател
Американските власти во неделата уапсија жена од Калифорнија, која ја обвинија дека по налог на кинески претставници шпионирала за синот на тајванскиот претседател.
Федералното биро за безбедност (ФБИ) соопшти дека синоќа на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес била уапсена Ванјинг Џанг, позната и како Хедер, пред да отпатува за Кина.
Според американските власти, 34-годишната Џанг од калифорнискиот град Ирвајн работела како нерегистриран странски агент. Таа надгледувала еден од синовите на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те.
ФБИ првично не го наведе директно идентитетот на лицето кое наводно било цел на Џанг, но подоцна го потврдија извештајот на „Њујорк пост“ кој објави дека шпиунката од Кина го следела Лаи Тинг-ју, кој има дозвола за постојан престој во САД.
Од Кабинетот на тајванскиот претседател постапките на Џанг ги опишаа како „типичен случај на транснационална репресија“, и ѝ се заблагодарија на американската Влада за заштитата на тајванските државјани.
„Нашата земја најостро го осудува таквото варварско однесување, што целосно ги занемарува човековите права и суверенитетот на државите“, изјави портпаролката Карен Куо во соопштение.
Официјален Пекинг засега не го коментирал случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…
Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките,…
Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра,…
(Видео) Редици српски граѓани пред експозитурите на…
Редици српски граѓани застанаа пред експозитурите на…
МВР откри интернет измама со стотици оштетени…
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…