Федералната разузнавачка служба негира постоење на паравоени формации во БиХ
„Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) на Босна и Херцеговина нема информации за постоење на воени кампови и паравоени формации во Босна и Херцеговина“, соопштија преставниците на оваа безбедносна агенција.
Од ОСА соопштија дека оваа информација и ја препратиле на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.
Испратен е одговор дека нема логори или паравоени формации“, им одговори ОСА на медиумите околу прашањето дали оваа агенција претходно на некој начин ги информирала институциите за наводно постоење на воени кампови во Босна и Херцеговина.
Обвинителството на Босна и Херцеговина вчера отвори предмет во врска со тврдењата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез дека на територијата на Република Српска има руски воени кампови за обука.
Министерот Хелез неодамна за медиумите изјави дека на територијата на Република Српска има воени кампови за обука и дека тоа се паравоени формации.
Тие се лоцирани, ги следиме и лесно можеме да ги елиминираме“, рекол Хелез, посочувајќи дека целиот процес го водат „некои луѓе од Русија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинец уапсен во Пула: Кој е човекот…
Украинецот кој денеска беше приведен во Пула…
Србија наскоро ќе има 40 борбени авиони:…
Србија наскоро ќе располага со 40 борбени…
Приведен 19-годишник од Куманово, го нападнал својот…
Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва по…
Тепачка со кундак од пиштол и метален…
Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје…
Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска…