Објавено на:

Фенербахче нема да ја напушти лигата, на стадионот 25.000 фанови ја чекаа одлуката!

t

Турскиот фудбалски гигант, Фенербахче сепак одлучи да не ја исполни својата закана за напуштање на турската лига која како опција претходно ја најави претседателот Али Коч.

По големиот инцидент во Трабзон кога фудбалерите на Фенербахче беа нападнати од домашните навивачи кои влегоа во теренот, беше најавено можно излегување од лигата.

Вчера се одржа клупскиот состанок на кој Фенербахче одлучуваше дали ќе остане во лигата или ќе излезе. Одлуката на стадионот на Фенер ја чекаа дури 25.000 навивачи.

„По сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека излегување од лигата е најмалку посакувана опција. Причина што таа опција не е добра е тоа што истите проблеми би ги имале и во пониските лиги. Опцијата за излегување од лигата е тргната од дневниот ред сѐ до одржување на општото собрание на клубот на крајот од сезоната“, им се обрати претседателот Коч на навивачите на Фенербахче кои ја чекаа одлуката на стадионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…