Верстапен продолжува да доминира во Ф1 – лесно победи и седми пат по ред!

t

Холандскиот возач, Макс Верстапен, ја продолжи големата доминација во Формула 1-шампионатот, откако славеше и на денешната трка на Хунгароринг во Будимпешта, за седма победа по ред сезонава, а вкупно 44-та во досегашната извонредна кариера.

Предводникот на Ред бул извозе уште една рутинска трка, во која главната работа ја заврши на самиот старт, минувајќи го Луис Хамилтон, кој изненадувачки ја имаше пол-позицијата. Верстапен веднаш изби на чело на колоната, а потоа само ја зголемуваше предноста и во ниту еден момент не дозволи победата да му биде доведена во прашање. Британецот имаше катастрофален старт, па веќе на вториот свиок падна за дури четири позиција.

Поранешниот светски првак на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, откако на десетина круга до крајот успеа да го мине Пјати. Покрај Верстапен, место на победничкиот подиум имаше за второпласираниот Норис и за Перез на третата позиција, а зад Пјати трката ја завршија Леклер, Расел, Саинц, Алонсо и Строл.

Одбраната на титулата веќе е речиси сигурна работа за Верстапенм со оглед на деветте победи во досегашните 11 трки сезонава. Единствениот кој успеал да го победи Верстапен годинава е неговиот тим колега Серхио Перез, кој беше најдобар во Саудиска Арабија и во Азербејџан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немирите се шират низ Италија, малолетници се…

Мирните протести во Италија против високите трошоци…

Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…

Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…

Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…

Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…

Карни потврди четворица загинати војници во базата…

Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…

(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…

Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…