Фејк њуз од Сител: Известувале за настан кој се случил пред неколку години!
Тенденциозно или ненамерна грешка, лажни вести на телевизија Сител ја разбрануваа македонската јавност.
Имено телевизијата пред два дена објави текст со наслов „Затвореник чувал хероин на покрив во тетовскиот затвор“, вест која ја шокираше македонската јавност. Сепак како што стои во демантот од директорот на тетовскиот затвор се работи за настан кој се случил пред години, настан кој не се случил во време на неговиот мандат.

Демантот од директорот ви го пренесуваме во целост:
-На ден 25.10.2022 година Директорот на КПУ Затвор Тетово испрати Демант на наслов на вест ,, Затвореник чувал хероин на покрив во тетовскиот затвор,, објавен од страна на Сител.тв.
Реакцијата произлегува од неправилно пласирање на вест за настан реализиран пред две години што во веста не е истакнато да се добива погрешен впечаток како актуелен случај. Ваквото информирање на јавноста значително фрла сенка врз работата на установата која што генерира позитивни резултати со своето работење. Со назначувањето на Директорот Ќефали Хавзија на чело на институцијата се презедоа коренити промени во подобрување на условите преку целосно реновирање на затворот, подобрен квалитет на храна, имплементирање на програми во правец реализирање на мисијата ресоцијализација на осудените лица.
За погоре наведеното потврдуваат и низа институции, организации кои го посетија затворот и истакнаа движење во вистински правец.
Сето ова ни дава за право да реагираме при неправилно информирање за работата на установата како би избегнале создавање погрешна перцепција притоа помотивирано ќе продолжиме да работиме во интерес на осудените лица.

Директор
Ќефали Хавзија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…