Физички нападнат малолетник во Дебар
Вчера попладне неколку лица нападнале малолетни, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
– Во 16:30 часот, во дебарското одделение за внатрешни работи е пријавено дека, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, неколку лица, физички нападнале малолетник од Дебар. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димовски.
Исто така информираше дека вчера во периодот од13 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид е спроведена засилена сообраќајна контрола.
– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 87 возачи кои во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 17 во Охрид 48 во Струга, 18 во Кичево и четворица во Дебар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…