Објавено на:

Фила: Со мнозинство од 60 одборници на СНС и СПС не се потребни предвремени избори во Белград

t

Кандидатот за градоначалник на Белград на Социјалистичката партија на Србија (СПС), адвокатот Тома Фила денеска изјави дека предвремени избори треба да се распишат само доколку новата власт предводена од коалицијата СНС-СПС нема повеќе од 56 советници во градското собрание кое брои 110 советници, јави дописникот на МИА од Белград.

Фила изјави дека не гледа причина за распишување нови градски избори во Белград доколку новата власт ја поддржат 60 советници.

-Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека СНС во Белград може да формира власт со поддршка од 60 советници. Меѓу нив секако ги брои нашите осум советници од СПС и уште четворица од некои други опозициски партии. Мнозинството од 60 советници е сосем доволно и во тој случај не се потребни предвремени избори. Меѓутоа, ако се работи за мнозинство од 56 советници, тогаш тоа не е доволно и треба да се распишат предвремени градски избори, изјави Фила.

Според прелиминарните резултати на Градската изборна комисија (ГИК) во градскиот парламент на Белград, кој има 110 одборнички места, листата на СНС ќе има 48 советници, СПС осум, четворица одборници има Српската партија Заветници, 26 се од коалицијата Обединети за победа во Белград, седум од ДСС -ПОКС, 13 од коалицијата Мораме и четворица од Двери-ПОКС.

На прашањето на агенцијата Бета како ги коментира предлозите на одредени функционери на Српската напредна странка (СНС) за организирање предвремени парламентарни избори, Фила кажа дека се уште не се знае дали СПС ќе биде дел од новата српска Влада.

-Секој кажува што му паѓа на памет, затоа што данок на глупоста не се плаќа. СНС засега зборува за формирање републичка влада само со помош на малцинските партии (Сојузот на Унгарците од Војводина), а СПС ниту еднаш не го спомнале. Нашата партија го овласти претседателот Ивица Дачиќ да разговара за можно формирање коалициска влада со СНС, изјави Фила.

Според прелиминарните податоци на Републичката изборна комисија (РИК), српскиот Парламент ќе има 120 пратеници од листата на СНС, 32 од СПС, пет од Сојузот на Унгарците од Војводина, Обединетите за победа на Србија (ССП, НС, ДС) ќе имаат 38 пратеници, коалицијата ДСС -ПОКС 15, Мораме 13, Двери-ПОКС 10, Заветници 10, Муфтинијот аманет три и СДА Санџак два мандата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…