Објавено на:

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море

t

Кина денеска испука три сигнални ракети од гребен кон филипински авион кој патролирал над Јужното Кинеско Море, соопшти крајбрежната стража на Филипините.

Филипинските власти додадоа дека државниот истражувачки авион не е оштетен од ракетите испукани од гребенот Суби кој е под кинеска окупација.

Пекинг испукува сигнални ракети од окупираните острови и гребени како предупредување за странските авиони да се оддалечат од просторот што Кина го смета за свој.

– Авионот на Бирото за рибарство и водни ресурси сними три сигнални ракети испукани од гребенот кон авионот за време на неговото законско прелетување, соопшти филипинската Крајбрежна стража и додаде дека „целта на тие летови е следење на морската средина, проценка на состојбата на рибните ресурси и обезбедување на безбедноста и благосостојбата на филипинските рибари“.

Манила тоа подрачје, на кое полага право, го нарекува Западно Филипинско Море.

Крајбрежната стража додаде дека патролниот авион кај гребенот Суби забележал кинески болнички брод, два брода на кинеската крајбрежна стража и уште 29 закотвени бродови на кинеската полиција и војска.

Суби е еден од седумте спорни и претежно потопени гребени кои Кина пред повеќе од десет години ги претвори во воени бази заштитени со ракетни системи, според американски и филипински воени функционери.

Филипинскиот авион поминал и во близина на шест спорни, вештачки острови, а крајбрежната стража соопшти дека неговата мисија, и покрај кинеските закани, е успешно завршена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…

Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…

Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски

Како инженер и како човек сметам дека…

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…