Филипче бара екстредиција на Груевски и проверка на заемот од Будимпешта
Доколу порнешниот премиер Никола Груевски се врати во Македонија ќе биде спроведен на издржување затворска казна, бидејќи има правосилна пресуда, најави премиерот Христијан Мицкоски. Но за тоа дали и кога Груевски би се вратил во земјава, Мицкоски нема информација.
Христијан Мицкоски, премиер
– Немам очекувања никакви но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш кога ќе се појави во Македонија нормано органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на одслужување на затворска казна која е согласно правосилна одлука.
Со цел издржување на затворската казна и задоволување на правдата, лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче , бара од Владата веднаш да побара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта.
Венко Филипче, лидер на СДСМ
– Ќе бега ли на друго место? Во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја одслужи казната. Има ли барање за екстрадиција оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ поднесена за враќање на Груевски. Доколку нема, зошто нема и доколку нема дали денеска во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер да поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата. Правдата колку и да доцни на крајот секогаш стига.
Поранешниот премиер Никола Груевски е повторно во фокус поради изјавата на Петар Маѓар, победникот на изборите во Унгарија во која рече дека Унгарија нема да биде засолшните на меѓународни криминалци меѓу кои го спомена и Никола Груевски.
Петар Маѓар, претседател на ТИСА
– Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ИКЕА дека нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци и тоа не важи само за нив туку и за Никола Груевски поранешен северномакедонски претседател кој е осуденик. Но и тоа не е затоа што ова е праведно. Исто така очекуваме останатите земји ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји да ги екстрадиираат назад кај нас во духот на европската соработка овие потенцијални криминалци.
Никола Груевски беше обвинет во седум судски случаи. Од нив, пресуда има за случајот Тенк каде Груевски беше осуден на две години затвор. Извршувањето на казната за ова дело е застарено во октомври 2024 година. Во сучајот Насилство во Центар, Груевски беше осуден на година и половина во затвор а во случајот Плацеви на Водно, пресудата беше 9 години затвор. Извршувањето на затворската казна за случајот Насилство во Центар застарува во 2027 година а за случајот Плацеви на Водно застарува во 2043 година. Случаите Траекторија и ТНТ се застарени додека пак судскиот процес за Талир 1 и 2 и Титаник е во тек.
Поранешниот премиер Никола Груевски побегна од Македонија во 2018 година по пресудата за двегодишната затворска казна во случајот Тенк и побара политички азил во Унгарија. Во 2019 година македонските власти побараа негова екстрадиција но таа беше одбиена од унгарските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче бара екстредиција на Груевски и проверка…
Доколу порнешниот премиер Никола Груевски се врати…
ЗНМ и ССНМ: Политичките партии не смеат…
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот…
Џ.Д. Венс: Иран прави економски тероризам
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го обвини Иран…
Смотрич до Мерц: Поминаа деновите кога Германците…
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич побара…
Макрон разговарал со Трамп и Пезешкијан, побарал…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал…